Времето кога планетата била оживеана со кислород: Откриени бактерии стари 407 милиони години кои за првпат ја колонизирале Земјата

Приказ на цијанобактерии Фото: Wikimedia commons

Деталната тридимензионална реконструкција на фосилите на цијанобактерии, откриени во Шкотска, донесе нови научни сознанија за формирањето на животот на Земјата, пишува „Интрестинг инџенеринг“ („Interesting engineering“).

Познати како сино-зелени алги, тие се најраните познати форми на живот на Земјата. Тие се одговорни за преминот од Земјината атмосфера богата со јаглерод диоксид, во сегашната атмосфера, која е релативно богата со кислород – поради фотосинтезата.

Присутни се во бари, езера, водни патишта, реки и мочуришта и тие одиграа значајна улога во обликувањето на животот на нашата планета. Тим на истражувачи кои проучуваат некои од најраните фосили го открија најстариот вид на цијанобактерии за кои е познато дека ја „колонизирале“ Земјата. Тимот ги проучувал фосилите од примероците собрани од познатото фосилно место во Абердиншир, Шкотска.

Фосилите од бактерии се стари 407 милиони години.

„Нашиот најдобро зачуван рекорд на раните копнени екосистеми дава можност да ги осветли аспектите на цијанобактериската разновидност и екологијата, додека растенијата почнале да се шират низ површината на Земјата. За среќа, најдовме нови примероци од „ринија шерта“ кои содржат цијанобактерии, кои би можеле подетално да ги проучуваме со помош на конфокален микроскоп“, велат истражувачите.

Во студијата, тимот објаснува дека користел светлосна микроскопија и конфокална ласерска микроскопија за скенирање со супер резолуција за да ја проучува новата популација на цијанобактерии. „Langiella scourfieldii“, која припаѓа на фамилијата „Hapapolosiphonaceae“ е вид на цијанобактерии кои напредувале меѓу раните копнени растенија пред повеќе од 400 милиони години – за време на раниот девонски период.

Истражувачите објаснуваат дека една од главните карактеристики на „langiella scourfieldii“ е присуството на „вистинско разгранување“. Ова се случува кога поединечни бактерии растат рамо до рамо во една линија, при што некои линии се „кршат“ во различни насоки за да создадат структура на разгранување.

„Со тридимензионалната реконструкција, можевме да видиме докази за разгранување, што е карактеристика на хапалофонацеанските цијанобактерии. Ова е возбудливо бидејќи е доказ дека ова се најраните цијанобактерии од овој тип пронајдени на копно“, вели д-р Кристин Струли-Дериен, научен соработник во Природонаучниот музеј и главен автор на студијата.

Кога Земјата била формирана пред околу 4,5 милијарди години, имала многу поразлични услови од денес. Нејзината атмосфера била составена од јаглерод диоксид, метан и водена пареа. Цијанобактериите полека ослободувале кислород и го смениле составот на атмосферата на оној што го имаме денес. Овој настан е познат како „Голем настан на оксидација/оксигенација“, кој се случил некаде помеѓу 2,4 и 2,1 милијарди години.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот