Времето денес облачно со локални врнежи од дожд

Фото: Слободен печат/Драган Митрески

 Времето во земјава ќе биде претежно облачно со локални врнежи од дожд, особено претпладне. Ќе дува умерен ветер претежно од северен правец. Локално во југоисточните делови ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. На планините врнежите ќе бидат од снег.

Утринската температура ќе се движи од 0 до 9 степени, а дневната од 4 до 16 степени.

Во Скопје претежно облачно со врнежи од дожд. Ќе дува умерен ветер претежно од северен правец. Утринската температура ќе се спушти до 5, а дневната ќе достигне до 10 степени.

Облачно и свежо со врнежи од дожд ќе биде и во понеделник, со пообилни врнежи во источните делови. Потоа, од вторник во текот на денот ќе настапи стабилизација на временската состојба, од среда и со значителен пораст на дневната температура.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот