ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА: Студено, облачно, со многу ниски температури наутро

Жена со шал и капа / Фото: Слободен печат - Драган Митрески

Денес времето во Македонија ќе биде сончево и СТУДЕНО со умерена локална облачност. Особено долж Повардарието ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен и од северозападен правец. Максималните температури ќе се искачуваат во интервалот од -2 до 6 степени, вели временската прогноза на Славчо Попоски за Утрински брифинг.

временска прогноза, славчо попоски
Временска прогноза на Славчо Попоски / Утрински брифинг

Во Скопје и околината времето ќе биде сончево и СТУДЕНО со умерена облачност. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец. Максималната температура ќе се искачи до околу 3 степени.

Потоа утре и во петок во текот на денот времето ќе се задржи стабилно, суво и сончево, повремено со умерена облачност, додека во петок навечер, како и за време на викендот ќе има повеќе облачност и ќе има повремени локални послаби врнежи претежно од снег. Температурите наутро сѐ уште ќе бидат МНОГУ НИСКИ и по некаде ќе се спуштаат до околу -10 степени, додека максималните дневни во текот на следните денови ќе бидат повисоки и ќе се искачуваат во интервалот од 2 до 10 степени во најтоплите предели.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот