Дождливо време
Дождливо време / фото: Слободен печат / Драган Митрески

ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА: Облачно и врнежливо време, снег на планините

Под влијание на влажен воздушен бран денес и утре времето во Македонија ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд, а на повисоките планини врнежите ќе бидат од снег и таму ќе се формира нова снежна покривка.

Локално врнежите ќе бидат ПОИНТЕНЗИВНИ и ќе наврнат над 30 л/м2 воден талог. Поради заладувањето, во вечерните и ноќните часови, како и утре врнежите од дожд ќе преминат во врнежи од снег и на повисоките места, а услови за врнежи од снег ќе има и на некои од пониските места. Утре, освен на повисоките места и на планините, снежна покривка ќе се формира и на некои од пониските места, особено во источните предели.

Ќе дува умерен, на некои места засилен ветер од јужен и од југоисточен правец, додека утре ветерот ќе го промени својот правец во северен и во северозападен и ќе биде најизразен Долж Повардарието. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 6 до 4 степени, додека утре истите ќе бележат тенденција на значителен пад и максималните дневни ќе се искачуваат во интервалот од 0 до 10 степени во најтоплите предели.

Во Скопје и околината денес и утре времето ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд, додека поради заладувањето во текот на ноќта и утре на околните планини врнежите од дожд ќе преминат во врнежи од снег, а услови за сосема слабо проврнување на дожд и снег ќе има и понекаде низ котлината во текот на утрешниот ден. Максималната температура денес во Скопје ќе се искачи до околу 9 степени, додека утре истата ќе се искачи до околу 5 степени.

Потоа во среда се очекува краткотрајно стабилизирање на времето и повеќе сонце. Наутро ќе биде студено со минимални температури кој ќе се спуштаат во интервалот од -8 до 1 степен, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 2 до 11 степени. Нов влажен бран кој ќе донесе нови врнежи од дожд и снег на планините се очекува во четврток попладне и навечер.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот