7 C
Скопје

Време е за ручек: Пилешки копани со лимон и лук подготвени за половина час

Лимонот и лукот ќе му дадат посебна арома и вкус на пилешкото месо. Лесното приготвување дополнително ќе ве привлече, а овој нов рецепт ќе стане ваш омилен.

Едноставните јадења се најчесто и највкусни, потврдува и рецептот на познатата готвачка Нигела Лосон за пилешко со лук и лимон.

Не е потребно да сте вешти во кујната бидејќи доволно е да ставите сè во плехот за печење, да додадете лимон, неколку чешниња лук, зачини по желба и да се препуштите на уживањето во мирисите што ќе шират од рерната.

Резултатот е сочно и меко месо кое освојува со освежителен вкус благодарение на лимонот.

Состојки за пилешко со лимон и лук:

– 6 пилешки копани
– 1 главица лук
– 1 голем лимон
– 1 лажица мајчина душица или неколку свежи листови
– 3 лажици маслиново масло
– 150 мл бело вино
– сол, бибер

Прочитајте и...  Брз ручек за денес: Макарони од само 3 состојки, најкремастите тестенини кои ќе ги пробате!

Подготовка:

Загрејте ја рерната на 160 целзиусови степени. Поделете го пилешкото на парчиња и излупете неколку чешниња лук. Исечете го лимонот на кругови. Ставете ги сите состојки во сад и подмачкајте ги.

Ставете ги копаните во садот за печење, додадете ги лимонот, лукот и мајчината душичка. Истурете го виното и печете ги половина час, но покриени со фолија или хартија за печење.

Извадете ја фолијата и печете уште неколку минути на 200 целзиусови степени додека не добијат крцкава кора.

Послужете со гарнир по желба.

Добар апетит!

Поврзани вести

Моника Белучи и нејзините 4 правила за убавина и здравје во шестата деценија

Слободен печат

Дали филмот „Malcom & Marie“ ќе им обезбеди Оскари на Зендаја и Џон Дејвид Вашингтон?

Слободен Печат

ВИДЕО: Се појави досега необјавен настап на Тоше Проевски во еден прилепски ресторан

Слободен печат

Зеленилото го намалува физиолошкиот и психолошки стрес

Слободен Печат

ВИДЕО+ФОТО | Дали Лила се враќа на музичката сцена?

М.Р

Хрватски експерт за кафе ја открива тајната за најубавото турско кафе

Слободен Печат

Остави Коментар