Време е на слави, овие 5 салати се највкусни и најбрзо се прават

Фото: Wikimedia Commons

Почна периодот на славите, а секоја празнична трпеза можете да ја збогатите со вкусни салати, кои се идеални за зимските слави.

Богати и вкусни, тие сигурно ќе ги воодушеват вашите гости.

Рецепт за пилешка салата со кикиритки

– 350 грама пилешко филе

– 200 грама кисела павлака

– 150 грама мајонез

– 100 грама печени кикиритки

– 100 грама сусам

– една лажичка сенф

– четири до пет кисели краставички

Подготовка:

Прво сварете го пилешкото и исечкајте го на коцки кога ќе се излади. Сусамот на суво пропржете го неколку минути за малку да порумени, но не премногу за да не загорчи. Во блендер измелете ги кикиритките, а краставичките ситно исечкајте ги. Соединете ги сите состојки. Ако не сте зеле печени солени кикиритки, тогаш посолете го. Ако кикиритките се солени, тогаш додадете малку сол по вкус.

Рецепт за брза салата со кашкавал

– 100 грама сусам

– 250 грама шунка или салама по желба

– 200 грама кашкавал

– една чаша кисела павлака од 400 грама

Подготовка:

Во тавче пропржете го сусамот, па измешајте со останатите состојки.

Рецепт за салата од карфиол

– една главица карфиол

– три варени јајца

– кисела павлака

– масло

– шеќер

– оцет

– сол

– мирудија по желба

Подготовка:

Карфиолот поделете го на цветчиња, а потоа сваерете го во солена вода. Добро исцедете го и ставете го во сад. Во подлабок сад ставете масло, сол, оцет, малку шеќер и павлака, сè убаво измешајте и прелијте го карфиолот. Исечкајте ги тврдо варените јајца и измешајте. Украсете со мирудија.

Рецепт за салата со шунка и сирење

– 400 грама сирење

– шест лажици кисела павлака

– 300 грама шунка

– четири кисели краставички

– една китка магдонос

Подготовка:

Исечкајте ги шунката, краставиците и магдоносот. Измешајте ги сирењето и павлаката, па изгмечете ги за да се добие изедначена маса. Додадете ги исечканите состојки, па измешајте.

Рецепт за салата од пченка

– две јајца

– 200 грама кикиритки

– 200 грама мајонез

– 200 грама кисела павлака

– 400 грама слатка пченка

– 50 грама сусам

Подготовка:

Јајцата изматете ги, белките исечкајте ги, а жолчките издробете ги. Сусамот кратко пропржете го додека не добие кафеаво-златна боја и оставете го да се излади. Кикиритките ситно исечкајте ги. Сите состојки соединете ги во голем сад и зачинете.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот