Вреди го обвини Талат Џафери за исклучувањето на албанскиот јазик од правосудниот испит
Талат Џафери како претседател на парламентот не побара усогласување на законот за правосудниот испит со одредбите за албанскиот јазик.
Владејачката Вреди го обвини поранешниот претседател на Собранието Талат Џафери од ДУИ дека е одговорен зашто студентите не можат сега да го полагаат правосудниот испит на албански јаик.
Препорачано
-Документот од 27 август 2019 година, потпишан од Талат Џафери, е јасен доказ дека проблемот околу полагањето на правосудниот испит не е случајност, туку последица на негрижа и политичкo предавство. Во тоа време, Законот за употреба на јазиците веќе беше во сила, но Талат Џафери како претседател на парламентот не побара усогласување на законот за правосудниот испит со одредбите за албанскиот јазик. Тој го прогласи законот за прифатлив, исклучувајќи го албанскиот јазик од испитот – велат од Вреди за проблемот на студентите Албанци поради што протестираа пред десетина дена.
Според Вреди, уште поразочарувачки е фактот што овој закон беше изгласан со Бадентер, односно и со гласовите на пратениците Албанци од тој состав, кои имаа национална обврска да бараат испитот да се полага и на албански јазик.
-Тие го изгласаа законот, оставајќи денес стотици албански студенти да ги трпат последиците од една двојна неправда. ДУИ, која повеќе од 20 години имаше пет министри за правда од своите редови, никогаш не го реши овој проблем. Денес тие пролеваат „крокодилски солзи” и излегуваат во одбрана, но документите зборуваат јасно: овој проблем го носи печатот на Талат Џафери и нивната политика – велат од Вреди.


