Неименувана трудница од Пакистан била погодена со шајка долг пет сантиметри во черепот на локален лекар, тврдејќи дека наместо девојче ќе роди момче./ Фото: МИА

Врач од Пакистан за малку ќе убиел трудница: Ѝ забил клинец во главата за да роди син

Жена од Пешавар, која има три ќерки, дознала дека повторно ќе роди девојче. Плашејќи се дека сопругот ќе ја избрка ако не роди машко дете, се обратила кај локалниот верски исцелител, кој и забил клинец долг пет сантиметри во черепот за да добие момче.

Ексерот ја прободел главата на жената, поминал покрај мозокот и за среќа не и го оштетил.

Неименувана трудница од Пакистан била погодена со шајка долг пет сантиметри во черепот на локален лекар, тврдејќи дека наместо девојче ќе роди момче.

Несреќната жена, која веќе има три ќерки, му се обратила за помош откако дознала дека носи уште едно девојче, а сопругот и се заканил дека ќе ја остави доколку не роди машко дете.

Таа по „интервенцијата“ на лекарот завршила во болница, а лекарите велат дека е надвор од животна опасност.

Ја убедил дека може да и го реши проблемот и и зачукал клинец во горниот дел од челото. Тој и рекол дека на тој начин загарантирано ќе роди машко дете.

После тоа, жената заминала дома, каде со клешти се обидела да го извади клинецот од главата, но не успеала, па поради страшни болки била принудена да оди на лекар.

– Кога дошла во болница, трудницата била во потполна свесна состојба, но претрпела неподносливи болки. Во главата имала шајка долг пет сантиметри. Ни кажа дека сама го заковала за чело, по совет на локален лекар, но подоцна признала дека тој лично го прободел во черепот. Претпоставуваме дека докторот ја удирал со чекан или некој друг сличен предмет – изјави за новинарите доктор Хајдер Кан од болницата „Лејди Ридинг“ во Пешавар.

На рендгенската снимка направена во таа медицинска установа се гледа дека ексерот ја пробил главата на жената, но за среќа не и го оштетил мозокот.

Лекарите за се веднаш ја известиле полицијата, која ќе ја сослуша жената и ќе се обиде да добие повеќе информации од неа.

– Во моментов се обидуваме да го лоцираме исцелителот кој ѝ го направил ова. Против сите кои учествувале во овој бизарен инцидент ќе бидат поднесени кривични пријави – изјави за новинарите началникот на локалната полиција Абас Ахсан.

Докторот Тајк Алија од болницата „Лејди Ридинг“ им кажа на новинарите дека не е невообичаено трудниците во Пакистан да се обратат до надрилекарите за помош, но дека никогаш не видел толку драстичен случај.

Тој ги повика локалните власти строго да ги казнат верските исцелители за искористување на беспомошни и необразовани жени.

– Сум слушнал дека вакво нешто веќе се случило, но јас лично до сега не сум видел вакво нешто. Полицијата и судовите мора да реагираат, дури и ако самата жена се согласила да и забиат клинец во главата – рече тој.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот