ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО: Поранешен НФЛ играч брутално ja претепал екс-девојката пред нивното бебе!

На поранешниот НФЛ играч му се заканува неколкугодишна затворска казна/Фото: Принтскрин/twitter.com/bougieeats

Хорор во САД, вознемирувачко видео го потресе светот, поранешен НФЛ играч Зек Стејси брутално ја претепал неговата екс-девојка Кристин Еванс пред очите на својот петмесечен син.

Сето ова се случило во нивниот дом на Флорида, а кога се појавила снимката, полицијата брзо реагирала и го уапсила Стејси на кој му се заканува неколкугодишна затворска казна.

– Го молев да престане, бебето беше таму, на само неколку чекори од нас – рекла Еванс.

Стејси веднаш го напуштил местото на настанот, се обидел да ѝ побегне на полицијата, но таа брзо го пронајде и го приведе.

30-годишниот Стејси во кариерата играше за Сент Луис Рамс и Њујорк Џетс, па замина во Канада во Саскачеван Рафридерс, а последен официјален клуб му беше Мемфис.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот