ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО | „Одете во Босна“: Мигранти тепани и бркани од Хрватска

Миганти тепани во Хрватска/ Фото Youtube Screenshot RTL

Најновото видео во кое може да се видат луѓе со фантомки и палки како ги тепаат мигрантите и им велат „одете во Босна“ повторно ја вознемирија хрватската јавност.

Во емисијата „Потрага“ на хрватски РТЛ вчера беше објавена вознемирувачка снимка, на која се гледаат и слушаат маскирани лица како тепаат мигранти, кои испуштаат болни крици и насилно ги насочуваат преку притоката на реката Корана од територијата на Хрватска до територијата на Босна и Херцеговина.

Истото видео беше објавено од холандската истражувачка новинарска мрежа „Lighthouse Reports“ и некои од водечките европски медиуми кои исто така учествуваа во истражувањето.

На видеото може да се слушне и види еден од маскираните лица како го тепа мигрантот и вика по него: „Оди во Босна“, пренесува Курир.рс.

Тоа е, инаку, снимка направена во јуни оваа година за време на осуммесечно истражување во која тимот на РТЛ учествувале и со колегите од Холандија, Швајцарија, Германија, Австрија, Франција и други земји.

Истражните новинари Клас ван Дијкен и Ламија Шабиќ го снимија овој настан со камера во близина на градот Штурлиќ од босанско-херцеговска страна.

Министерот за внатрешни работи, Давор Божиновиќ, денеска изјави дека не може конкретно да го коментира видеото, но дека директорот на полицијата формирал тим кој денес е веќе на терен со задача да утврди што точно се случило и кој учествувал во него.

На прашањето дали и тој е одговорен доколку снимката се покаже како автентична, Божиновиќ одговори со прашањето: „Зошто тоа би била моја лична одговорност?“.

Тој исто така рече дека никој нема упатства за употреба на сила.

„Само тепај ги, и јас би“.

По објавувањето на вознемирувачкото видео, бројни граѓани го коментираа настанот на социјалните мрежи.

Мал дел од коментарите го осудуваат нападот врз мигрантите, додека повеќето го одобруваат или дури го слават на овој или оној начин, пишува Индекс.хр.

„Браво, полиција! Бројни граѓани напишаа на Фејсбук, под услов да има и такви кои веруваат дека тие не се полицајци на видеото и дека се е наместено. Ниту еден од нив нема проблем со тепањето на мигранти и илегално враќање назад во БиХ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот