Фото: Screenshot

ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО: Маскирани напаѓачи убија наркобос на фудбалски натпревар во Еквадор

Од Еквадор пристигнува вознемируваачка сцена која се случила во луксузна населба на островот Моколи. За време на натпревар во мал фудбал неколку маскирани мажи влегуваат на теренот и почнуваат да пукаат. Според информациите на локалните медиуми, главна мета бил Ел Марино, водачот на озлогласената криминална група „Лос Лагартос“, a во нападот биле убиени вкупно тројца луѓе. Уште неколкумина ранети се пренесени во болница.

Настанот предизвика шок кај јавноста во оваа земја, особено ако се земе предвид дека островот Моколи важи за едно од најлуксузните и најстрого обезбедени места во земјата, со големо присуство на приватно обезбедување. Сепак, ниту високото ниво на безбедност не било доволно за да се спречи ваквиот напад.

На една од снимките што кружат на социјалните мрежи може да се види моментот кога еден од напаѓачите му приоѓа на Марино, брутално го удира со нога во лицето, а потоа му застанува со стапалото врз главата додека тој беспомошно лежи на вештачката трева на фудбалскиот терен.

Ел Марино бил познат по раскошниот начин на живот и честите патувања на атрактивни светски дестинации, меѓу кои и Дубаи. Во исто време, според истражните органи, тој бил клучна фигура во разгранета мрежа за шверц на наркотици преку еквадорските пристаништа.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот