ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО: Дрзок патник „залепен“ за седиште откако сексуално и физички нападнал неколку стјуардеси

авион напад
ФОТО: Принтскрин/Твитер-Јутуб

Новинар на американската телевизија „Еј-Би-Си“, Сем Свини, на својот твитер-профил пренесе снимка од инцидент што се случил во саботата за време на лет од Филаделфија до Мајами.

Имено, 22-годишниот Максвел Вилкинсон Бери во два наврати фатил стјуардеси за градите, а потоа се обидел да го удри со тупаница во глава нивниот колега, кој дошол да го смири.

Во меѓувреме, тој вика и се расправа со другите патници, гордо се фали дека е син на родители кои „тежат“ два милиони долари и се заканува со дедото адвокат.

Очигледно разгалениот и арогантен млад човек по инцидентот е буквално залепен за седиштето, а на крајот на летот бил предаден на полицијата, која потврдила дека против него се поднесени три пријави и дека бил пијан за време на инцидентот.

Бери подоцна се огласи на „Твитер“ да се пожали што го третирале „како стока“. Во исто време, тој нагласил дека се чувствувал ужасно додека другите му се смееле и му дофрлале.

Извор: „The New York Times“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот