ВОЗНЕМИРУВАЧКИ ВИДЕА: Српските полицајци пукаа носови, кршеа ребра, тепаа и жени на Филозофскиот факултет
Интервентната единица и Жандармеријата ги опколија студентите во холот и со сила ги исфрлија од зградата, при што беше оттурната и професорката Клеут, која падна на влезот и се повреди. Според сведоштво на студент, полицијата туркала и удирала со штитови, при што една студентка била повредена во пределот на окото.
Страшни сцени го снајдоа во средата Филозофскиот факултет во Нови Сад, а социјалните мрежи се преплавени со вознемирувачки снимки од насилството што било применето врз студентите, објави „Нова“.
Препорачано
Студентите најавија блокада на установата сѐ додека професорката Јелена Клеут, која добила отказ, не се врати на работа, а деканот на Факултетот, Миливој Алановиќ, ги повика полицијата и припадниците на Интервентната единица кои употребија сила.
Многумина студенти завршиле со повреди во таа „пресметка“, а дури и некои професори добиле ќотек „случајно“, во минување.
Krvnički i podmuklo tuku ovu decu, prokleti da su do 9.kolena ! pic.twitter.com/aLKwtL06MI
— 𝓐𝓵𝓮𝔁 (@whitesnake1005) January 21, 2026
Интервентната единица и Жандармеријата ги опколија студентите во холот и ги исфрлија сите надвор. Во силното туркање од зградата на факултетот беше исфрлена и професорката Клеут, како и сите нејзини колеги кои дојдоа да ѝ дадат поддршка. Таа паднала на вратата и се повредила додека ја туркале полицајците.
За сцената сведочеше и студент.
— Професорката падна на вратата од факултетот, тоа зборува за Универзитетот во Нови Сад. Таа беше насилно исфрлена од Филозофскиот факултет, жената падна, јас бев покрај неа. Нѐ туркаа, не удираа со штитови, полицаец ѝ ја турна главата и ѝ го повреди окото на една девојка. Тоа е она што беше околу мене, што можев да го видам, прашање е што се случувало наоколу. Беа исклучително груби во намерата да нѐ избркаат од факултетот — раскажа тој.
Profesorka Kleut, pogledajte do kraja nasilje prema ženi pic.twitter.com/bKiYpXmtVw
— Žaklina Tatalović (@zaklina_prva) January 21, 2026
Неколкумина студенти се повредени, а најлошо поминал студент на кого полицаец му го скршил носот, додека студент и новинар од „Блокаде инфо“ се здобил со нагмечување на ребрата.
ВИДЕО | Хаос на Филозофскиот факултет во Нови Сад: Десетици специјалци тепаа и бркаа студенти
На една од снимките се гледа кордон од полицајци коишто редум ги внесуваат студентите и ги удираат по главата.
Во позадина се слуша лелекање и врескање на студентите, како да биле заробени од припадници на терористичка единица.
На снимките, објавени од новинарка од „Н1“, се гледа како полицајци ги потиснуваат студентите и брутално ги туркаат надвор.
Upotreba sile na Filozofskom fakultetu u Novim Sadu pic.twitter.com/88FO4O1aOx
— Žaklina Tatalović (@zaklina_prva) January 21, 2026
Сцената во која полицајци, без ни трошка чувство, влечат еден студент, предизвика гнев кај сите кои беа присутни, но и кај оние што ја видоа снимката на социјалните мрежи.
Иако момчето се бори и негодува што го влечат како крпа, полицајците не се обѕрнуваат и не се откажуваат од целта да ги избркаат сите до еден надвор, па макар некому да му скршат нос, ребро или рака.
Објавена е и снимка на која се гледа како Жандармеријата и полицијата, опремени за разбивање демонстрации, со употреба на сила ги потиснуваат граѓаните од факултетот кон Ректоратот.
За потсетување, деканот Алановиќ вчера по 15 часот ја повикал полицијата да ги исфрли студентите кои најавија блокада сѐ додека професорката Јелена Клеут, која добила отказ, не се врати на работа.
Освен што, како што велат студентите, отказот го добила поради политичка одмазда зашто ја поддржала нивната борба, блокадата ја најавиле и поради однесувањето на деканот Алановиќ, кој воопшто не се потрудил да ја заштити својата колешка од очигледен прогон и, за сите јасна, дискриминација.
Студентите истакнуваат дека деканот не бил во состојба ниту да поднесе приговор на одлуката на Сенатот Јелена Клеут да не биде избрана, ниту, пак, се појавил на тој состанок, а во текот на целиот процес комуникацијата со него била незадоволителна.
View this post on Instagram


