ВОЗНЕМИРУВАЧКА ФОТОГРАФИЈА | Мало куче виси обесено во шума во Демир Капија

Фото: Фејсбук

На Фејсбук страницата Шепасти Ентузијасти објавена е вознемирувачка фотографија на која се гледа како мало куче виси обесено на дрво во шума во Дмир Капија, по што администраторите на оваа група побараа одговорност за сторителите. 

„Понекогаш не знаеме како да изреагираме на ваков случај! Штотуку овие слики ги добивме во порака од Демир Капија. Ова се случило денес, обесиле мало кутре, мало бебе, мало дете кутре“, стои во описот над сликата, со барање сите да ја споделат фотографијата од овој монструзен чин.

„Споделете сите! Мислиме дека конечно дојде време овие монструми да почнат да бидат казнувани од државата која постојано врти образ на вакви случаи, а ние, тангирани од истите сме третирани како чудаци, грижејки се за овие невини суштества! Случајот ќе биде пријавен утре во МВР и АХВ“, се додава во објавата.

Фото: Фејсбук

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот