Возило со кочански таблички излетало од патот кај мостот на Бабуна, повреден е возачот

Фото: Илустрација

Патничко возило „ауди” со кочански регистарски таблички, денеска околу 12,30 минути кај Стари Град кај мостот на Бабуна од засега непознати причини излетало од патот и паднало во канал за наводнување. Во несреќата возачот се здобил со полесни телесни повреди, во возилото имало уште двајца патници, потврдуваат од СВР Велес, за МИА.

Како што информира за МИА д-р Василка Пановска Поп Стефанова началник на Брза помош Велес, тие за сообраќајката биле известени во 12,30 минути и се упатиле на местото на настанот, но повредениот бил преземен од друго приватно возило кај село Бусилци и медицинскат екипа на Брза помош веднаш му укажала прва помош.
Доктор Пановска Поп Стефанова информира дека пациентот е маж на 64 години од Кочани, кој бил стабилен, згрижен на лице место и транспортиран во  Ургентниот центар при велешката Општа болница.
Д-р Елеонора Јованова портпарол на ЈЗУ Општа болница во Велес, соопшти дека денеска околу 13 и 30 минути   од страна на Итна медицинска помош  на одделот за Хирургија донесено е лице  на 64-годишна возраст, од Кочани, повредено во сообраќајна несреќа, пациентот се здобил со повреди на глава и граден коши дека е задржан на  опсервација.
Полицијата изврши увид на местото на  несреќата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот