Возач од Кичево настрада во вчерашната сообраќајна несреќа кај Охрид

Сообраќајна несреќа / Фото: Принтскрин Јутјуб

На местото на незгодата увид извршија полициски екипи, судски вештак и Јавен обвинител, по чија наредба ќе биде извршена обдукција врз починатиот.

Педесет и двегодишен возач од Кичево С.И. го загуби животот во сообраќајната несреќа што вчера се случи на магистралниот пат Охрид – Кичево.

Како што соопшти СВР Охрид, несреќата се случила вчера во 18.05 часот, кога дошло до судар на патничко возило „фолксваген бора”, со кичевски регистарски ознаки, управувано од С.И., и товарно возило „цитроен џампер”, со скопски регистарски ознаки, управувано од 29-годишниот Б.М. од скопското село Долни Сарај.

– На местото на незгодата починал возачот С.И., додека со тешки телесни повреди се здобиле сопатникот во возилото „фолксваген бора”, 40-годишниот Д.К. од Кичево, и возачот Б.М., констатирани во Специјалната болница „Св. Еразмо” во Охрид. На местото на незгодата увид извршија полициски екипи, судски вештак и Јавен обвинител, по чија наредба ќе биде извршена обдукција врз починатиот, информираат од СВР Охрид. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот