Еден загинат, двајца тешко повредени во сообраќајка на патот Охрид – Кичево

До несреќата што се случила околу 18 часот на делницата меѓу селата Песочан и Арбиново дошло при директен судар на патничко моторно возило и возило за достава.

Еден загинат и двајца тешко повредени во тешка сообраќајна несреќа што вчера вечерта се случи на магистралниот патен правец Охрид – Кичево.

До несреќата што се случила околу 18 часот на делницата меѓу селата Песочан и Арбиново дошло при директен судар на патничко моторно возило и возило за достава, при што на самото место загинал возачот во автомобилот, додека тешки телесни повреди здобиле двете лица од комбето.

Од силината на ударот е опожарено доставното возило кое целосно е изгорено.

Увид на местото на несреќата изврши екипа на СВР Охрид за да се утврдат околностите и причините што довеле до несреќата.

Тој дел од автопатот е во изградба веќе неколку години, на делници се одвиваат градежни зафати и реалативно е слабо обележан и обезбеден. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот