Ворлдметерс: Над 13 милиони лица во светот заразени со Ковид-19

Фото: EPA-EFE/STEPHANIE LECOCQ

Во светот веќе има над 13 милиони, поточно 13.041. 695 заразени лица со коронавирусот, пренесе страницата „Ворлдметерс”.

Според неа, од Ковид-19 досега умреле 571.660 луѓе, додека 7.578.093 се излекувале.

Се уште е најлоша ситуацијата во САД, каде што повеќе од 3,4 милиони луѓе се заразени со вирусот, додека 137.733 лица умреа.

На второ место по бројот на заразени и мртви е Бразил со повеќе од 1,8 милиони случаи и 72.100 смртни случаи.

Следува Индија со 879.466 заразени, Русија 727.116 заразени и Перу со 326.326 заразени.

Повеќе од 300.000 заразени лица уште имаат Чиле, Шпанија и Мексико, а на деветтото место е Велика Британија со 289.603 заразени лица. Јужна Африка е на 10-то место во светот по бројот на инфектирани со 276.224 случаи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот