Фото: EPA/LARRY W. SMITH

Ворен Бафет најави повлекување од „Беркшир Хатавеј“

Ворен Бафет на акционерите им најави повлекување од „Беркшир Хатавеј“. Тој како претседател на одборот на директори (ОДД) на американскиот мултинационален конгломерат „Беркшир Хатавеј“, им порача на акционерите во својата традиционална годишна порака дека ќе „биде тивок“ откако ќе се пензионира на крајот од оваа година.

Сепак, како што објавува CNN, 95-годишниот Бафет сè уште не ја напушта целосно „Беркшир Хатавеј“, иако повеќе нема да ги координира процедурите за подготовка на редовните годишни извештаи на компанијата. Бафет ќе продолжи да ја испраќа својата годишна порака за Денот на благодарноста до акционерите, најавувајќи дека ќе „ги зголеми филантропските активности“ и ќе донира дел од акциите во вредност од околу 149 милијарди долари што ги поседува.

Бафет, кој е наречен Пророк од Омаха, стана икона на инвестициското банкарство, милијардер кој го негуваше имиџот на „човек од народот“ преку своите писмени обраќања до акционерите, објавува Tanjug. Бафет следната година ќе биде заменет од Грег Абел (63), сегашен потпретседател за операции надвор од осигурителниот домен, објавува CNN.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот