Доналд Трамп / Фото: AMIT LAVEE/World Economic Forum / Avalon / Profimedia

Волстрит журнал: Трамп е подготвен да ја заврши војната дури и ако Иран не го отвори Ормускиот Tеснец

Американскиот претседател Доналд Трамп им кажал на своите помошници дека е подготвен да ја прекине воената кампања против Иран дури и ако Ормускиот Tеснец остане во голема мера затворен, објави „Волстрит журнал“, повикувајќи се на претставници на администрацијата.

Според весникот, Трамп и неговите помошници процениле дека операцијата за повторно отворање на морскиот премин ќе го продолжи конфликтот повеќе од планираните четири до шест недели.

Затоа, беше одлучено дека Соединетите Американски Држави ќе се стремат да ги постигнат своите главни цели, ослабување на иранската морнарица и нејзините ракетни залихи, како и намалување на моменталните непријателства, а истовремено да вршат дипломатски притисок врз Техеран за да се овозможи слободен проток на трговија.

Доколку тоа не успее, Вашингтон, според официјалните лица, ќе изврши притисок врз сојузниците во Европа и земјите од Заливот да ја преземат водечката улога во повторното отворање на Ормутскиот Теснец.

Ормускиот Теснец е клучен за глобалното снабдување со нафта

Оценката доаѓа во време кога цените на енергијата се зголемија низ целиот свет од почетокот на конфликтот, делумно поради фактот што Ормускиот Теснец – еден од најважните светски патишта за испорака на нафта е практично блокиран по иранските одговори на нападите на САД и Израел.

Цените на нафтата вчера дополнително се зголемија на околу 116 долари за барел, близу до највисоките нивоа од почетокот на војната, објави „Волстрит журнал“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот