Кина знаме Кинеска комунистичка партија ККП Кинез
Фото EPA-EFE/ALEX PLAVEVSKI

Волстрит џурнал: САД спречиле изградба на таен воен објект на Кина во ОАЕ

Американските разузнавачки служби дознале дека Кина се обидува „тајно” да воспостави воен објект во Обединетите Арапски Емирати, што довело до интензивна дипломатска комуникација меѓу САД и ОАЕ, јави американскиот весник Волстрит џурнал.

Според весникот, Кина наводно се обидела тајно да воспостави воен објект во пристаништето Калифа, 50 километри северно од Абу Даби. Администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден ги предупредила властите на ОАЕ за присуството на Кина во земјата, откако тоа било откриено со сателитски снимки во текот на пролетта.

За ова прашање се воделе интензивни разговори меѓу претставници на САД и ОАЕ.

Градежните работи се прекинати по притисокот од САД, а Волстрит журнал објави дека Бајден двапати директно разговарал со престолонаследникот на ОАЕ Мохамед бин Зајед ал-Нахјан, во мај и август оваа година.

Властите на ОАЕ потврдија дека Кина имала интензивни комерцијални активности во пристаништето Калифа, но дека немаат информации за обид за тајно воспоставување воен објект.

Кина ги зајакна економските односи со Обединетите Арапски Емирати во последниве години, а во текстот се истакнува дека моментално е еден од најголемите купувачи на нафта и трговски партнери на земјата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот