„Волстрит Џурнал“: Осигурувањето ќе плати 350 милиони долари поради уривањето на мостот во Балтимор

Балтимор несреќа / Фото EPA-EFE/JIM LO SCALZO

Осигурителната компанија „Чаб“ се подготвува да плати 350 милиони долари на американската сојузна држава Мериленд поради уривањето на мостот „Френсис Скот Ки“ во Балтимор во март, објави денеска „Волстрит Џурнал“.

Весникот наведува дека исплата на отштетата се очекува да биде одобрена за неколку недели. Исплатата од 350 милиони долари би можела да биде првата од многуте други поради уривањето на мостот, а аналитичарите велат дека инцидентот би можел да ги чини осигурителните куќи четири милијарди долари, што би била рекордна исплата во областа на транспортот.

Шест лица загинаа кога товарен брод, кој пловел под знамето на Сингапур, удрил во еден од столбовите на мостот во Балтимор долг 2,4 километри, поради што се урна целата конструкција.

Осигурителната компанија „Чаб“ заедно со државата Мериленд и семејствата на жртвите од несреќата најверојатно ќе го тужат сопственикот на бродот за да ги надомести загубите поради уривањето на мостот, пишува „Волстрит Џурнал“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот