Војната во Украина го поттикна криумчарењето мигранти на Балканот да биде најбрз растечки криминал, вели извештајот на ГИ-ТОК
Глобланата Иницијатива против Транснационалниот Организиран Криминал (ГИ-ТОК) објави нова анализа, во која се истражува влијанието на војната во Украина врз бегалците и криумчарите на луѓе во Европа. Имено како што наведува најновата студија, војната во Украина ја поттикна најголемата бегалска криза во Европа од Втората светска војна. Според ЕУ за гранична и крајбрежна стража Фронтекс, до крајот на 2022 година, 15 милиони украински граѓани избегале во Европа од почетокот на војната, а околу 3 милиони одбрале да останат.
Препорачано
– Додека непредвидените размери на бегалската криза значеа дека голем дел од напорите и ресурсите на граничните власти беа окупирани, мрежите за криумчарење луѓе ја искористија ситуацијата, а бројот на нерегуларни мигранти од Блискиот Исток кои патуваа по западнобалканската рута се зголеми – стои во документот на ГИ-ТОК.
Според Глобалната Иницијатива против Транснационалниот Организиран Криминал има многу фактори кои придонесуваат за овој тренд, но криумчарењето мигранти навистина повторно се појави како најбрзо растечки пазар за организиран криминал во балканскиот регион.
– На почетокот на септември 2022 година, Фронтекс објави дека документирале најголем број нерегуларни влезови од 2016 година, со 75% зголемување во споредба со истиот период од претходната година. Така, во 2022 година, западнобалканската рута стана најактивната европска миграциска рута, надминувајќи ги рутите на Централниот и Западниот Медитеран – посочува еден од авторите на студијата Дардан Кочани.
Темата на сите публикации од овој проект тесно е поврзана со штетните последици на војната во Украина врз Балканот, но и поширокиот регион на Југоисточна Европа.
Извештај предводен од истражувачот Дардан Кочани ги истражува паралелите на војната со миграциите и шверцот со луѓе долж балканската рута.
Во извештајот се заклучува дека ова укажува на потребата од регионална соработка и заеднички напори за ефикасна борба против шверцот со луѓе.


