Војната во 2001 стана дел од реториката во изборната кампања

„Јас не сум платеник или дезертер, туку борец за слобода – да не се отвораат стари рани“, и порача лидерот на ДУИ, Али Ахмети, на кандидатката за претседател на Македонија од ВМРО-ДПМНЕ Гордана Силјановска Давкова. Војната од 2001 и сеќавањата зазедоа дел во предизборната кампања, а политичките елити имаат уште една тема плус за препукување.

„Треба сите страни да бидеме свесни и внимателни во овој правец. Јас неколку пати сум кажал минатото е болно, минатото не треба да се заборави, но не треба да ни се повтори. Така што, секој треба да биде внимателен со изјавите, ова е еден настан, една војна што се случи отприлика пред четвртина век…Според кандидатката за претседател и како професорка по меѓународно право ОНА треба да одговара затоа што ја извојувале слободата, борците на ОНА беа борци за слобода, а не платеници и дезертери, се изборија за своите права, потпишаа Меѓународен договор со НАТО, со ЕУ, со САД, потпишан и од тогашниот претседател Борис Трајковски и од мене како главен командант на ОНА. Ова е тоа, и секој кој се обидува да гребе по минатото и да отвора страници што не се отвораат мислам дека е во грешка, но сепак е сето ова за изборна кампања“, порача Ахмети.

Силјановска-Давкова синоќа од Куманово, меѓу другото, рече дека некои дела, т.н. дела против човештвото, никогаш не застаруваат. Алудираше на воениот конфликт од 2001 година.

„Стравот што го слушам или заканите од типот дека востаници имало во оваа држава ме тера само на едно потсетување. Меѓународното право вели дека востание може да се крене само ако постојат неподносливи услови на живот и владеење. Да потсетам, и во 2001 година ДПА беше во владата. Јас никому не се заканувам, само потсетувам дека некои дела, таканаречени дела против човештвото, никогаш не застаруваат“, порача Силјановска-Давкова од митингот во Куманово.

Претходно и коалицијата „Вреди“ реагираа на изјавите на Силјановска Давкова.

„Вреди“ нема да ја поддржи Силјановска Давкова ако ВМРО-ДПМНЕ не се огради од реториката на кандидатката, порача еден од лидерите

Пораките кои ги испрати опозициската ВМРО-ДПМНЕ пак, дојдоа неколку дена откако за време на митинг, Али Ахмети заедно со приврзаниците скандираа „УЧК“. И двете партии од албанскиот политички блок се согласија дека „УЧК“ била светост за нив, односно дека ја спасила Македонија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот