Воени бродови на Грција и Турција распоредени во источниот Медитеран: Растат тензиите, војската на готовс

Тензиите пораснаа во регионот последните месеци околу правата за истражување на нафта и поморските граници.

Грција и Турција распоредија воени бродови во источното Средоземје, а тензиите меѓу двете земји пораснаа откога Турци испрати брод за истражување на енергетските ресурски во областа за која Грција вели дека се поклопува со нејзиниот епиконтинетален појас.

Грција ја осуди одлуката како нелегален акт кој ги крши нејзините суверени права наведувајќи дека турскиот истражувачки брод е внатре во областа која ја покрива грчкиот континентален појас.

Грчките воени бродови влегле во таа област и го набљудуваат турскиот истражувачки брод и војската е во состојба на готовност, рекоа официјални лица.

Неодамнешното откритие на природен гас и плановите за спроведување на дупчењето во источното Средоземје доведе до нов пораст на тензиите. Во центарот на спорот е тоа како се смета епиконтиненталниот појас на приморска држава и дали островите треба да се сметаат. Турција смета дека не треба, а ставот на Грција е дека со тоа се крши меѓународното право. Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис разговараше денеска со грчката претседателка Катерина Сакеларопулу и ја извести за ситуацијата во источниот Медитеран, соопшти неговиот кабинет. Тој исто така планира да разговара со шефовите на политичките партии во земјата.

Турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган синоќа после четиричасовниот состанок на кабинето предупреди дека Турција нема да ги огранички своите морски истражувања само на крајбрежните делови, но освен тоа звучеше помирувачки.

„Да се споиме како Медитерански земји, да најдеме формула која е прифатлива за сите, која ги штити правата на сите. Ние сме секогаш тука подготвени за решавање на споровите низ дијалог на фер основа. Ќе продолжиме да ги исполнуваме сопствените планови (во источното Средоземје) и на полето на дипломатијата додека не надвладее здравиот разум по ова прашање“, рече тој во телезиското обраќање.

Тензиите пораснаа во регионот последните месеци околу правата за истражување на нафта и поморските граници. Минатиот месец Турција соопшти дека ги суспендира своите операции за истражување во источен Медитеран, што се смета како вид на смирување на ситуацијата.

Меѓутоа, минатата недела Анкара го осуди договорот кој во четвртокот го потпишаа Грција и Егишет за демаркација на поморските граници и ексклузивни економски зони за права за дупчење на нафта.

Минатата година Турција потпиша сличен договор со лубиската влада во Триполи што го предизвика бесот на Грција, Купар и Египет кои сметаа дека тој договор ги крши нивните права во Средоземјето. ЕУ наведе дека тој турски договор со Либија претставува кршење на меѓународното право и ѝ се заканува на стабилноста во регионот.

НАТО сојузниците и соседите Грција и Турција со децении се судираа околу низа прашања, вклучувајќи ги и поморските граници и беа на работ на војна три пати од средината на 1970-тите, вклучувајќи и еднаш околу правата за истражување на нафтата под морското дно.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот