Охридско Езеро
Охридско Езеро / EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Водостојот на Охридското Езеро под просекот за август

Нивото на водата во Охридското Езеро според денешните мерења се наоѓа на котата 693,26 метри надморска височина.

Тоа е 20 сантиметри под просекот за август (693,46 мнв), што најмногу е последица на продолжениот сушен период со многу помалку врнежи од вообичаеното.

Температурата на водата е во рамки на просекот односно денеска се измерени 23,5 степени Целзиусови, што е за половина степен над просекот за овој период од годината.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот