Во Врање нема купувачи на огревно дрво ни за 60 евра за кубен метар!

Фото: Слободен печат/Драган Митрески

Цената на огревното дрво падна од 75 евра за кубен метар падна на 61 евра, бидејќи нема купувачи, изјави за порталот Данас, Јован Николиќ од Врање, кој нуди огревно дрво во поширокото подрачје на оваа општина.

– Огревно дрво има доволно, но не и купувачи бидејќи луѓето сега немаат пари да платат ни 60 евра за метар кубен – вели овој трговец со огревно дрво. Тој наведува дека „со зголеменувањето на студените денови е можно ново поскапување, како и најава за ново поскапување на струјата“.

На почетокот на сезоната, која во општините од јужна Србија кога станува збор за набавка на огревно дрво, почнува кон крајот на мај, цената достигна и до 80 евра за кубен метар буково дрво, заедно со трошоците за преработка. Во Врање во последните неколку дена не може да се купуваат пелети чија цена за тон беше околу 310 евра.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот