Во тек е Седницата на Советот на јавни обвинители за разрешување на Јанева

фото: Слободен печат/ Драган Митрески

оветот на јавни обвинители ја почна вонредната седница на која  разрешувањето на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева е единствена точка на дневиот ред.

Претходно денеска Собранието на Република Северна Македонија во рамките на 112-тата седница ја разреши специјалната јавна обвинитеклка Јанева со 102 гласа „за” без воздржани и против. За оваа одлука гласаа „за” и 27 припадници од заедниците кои не се мнозинство. Веднаш по завршувањето на седницата претседателот на Собранието Талат Џафери го потпиша  предлогот за разрешување и го достави до Советот на јавни обвинители.

На седницата на Советот на јавни обвинители се присутни осум од вкупно 11. членови на Советот. За да донесат валидна одлуката сите треба да гласаат за разрешување на Јанева.

Мандатот на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева, која е во притвор за случајот „Рекет”, истекува утре, 15 септември.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот