Колевски: В понеделник прекинува мандатот и на другите обвинители во СЈО
Мандатите на специјалните обвинители завршуваат заклучно со 15 септември
Мандатите на специјалните обвинители завршуваат заклучно со 15 септември
Процесот на разрешување на Јанева почна на 5 септември, кога Комисијата за избори и именувања зад затворена врата едногласно и без дебата донесе заклучок да му предложи на Собранието да ја разреши Јанева.
Веднаш по завршувањето на седницата претседателот на Собранието Талат Џафери го потпиша предлогот за разрешување и го достави до Советот на јавни обвинители.
Советот на јавни обвинители се очекува вечерва или најдоцна утре да се состане и да го констатира разрешувањето на Јанева.