Во Театар Комедија почнаа пробите за претставата „Пар распар“

Читачка проба за новата претстава во Театар Комедија

Театар Комедија ги почна пробите за првата претстава во 2024 година. Станува збор за претставата „Пар распар“, која се поставува по текст на Нил Сајмон и во режија на Нина Николиќ. Преводот на текстот е на Маја Трајаноска Ивановска.

Во екипата на режисерката Николиќ се драматургот Тамара Барачков, сценографката Вишња Вујовиќ, костимографката Ивана Каранфиловска Угуровска, додека соработник сценограф е Милан Несторов, а помошник костимограф е Марија Ѓоргиевска.

Сценските движења во претставата се на Димитриос Сотириу, дизајнер на светло е Крис Јегер, музиката ја компонира Оливер Јосифовски, а инспициент е Александар Јорданов.

Во претставата играат актерите Валентин Костадиновски како Феликс Унгар, Атанас Атанасовски (Оскар Медисон), Григор Јовановски (Мари), Тони Денковски (Брзи), Сергеј Димовски (Вини), Виктор Арсов (Рој), Жаклина Петровска (Сесили Пиџн) и Маја Љутков како Гвендолин Пиџн.

Премиерата на претставата е планирана да биде изведена на Светскиот ден на театарот – 27 март, оваа година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот