Во Србија недостигаат 5.000 туристички работници

Србија српско знаме
Фото: EPA/KOCA SULEJMANOVIC

Речиси секој хотел или ресторан во Србија бара работници. Од почетокот на пандемијата до сега хотелите во земјава ги напуштиле околу 5.000 вработени, а заедно со рестораните им недостасуваат околу 15.000 работници. Работодавците најмногу бараат готвачи, келнери, рецепционери, собарки…

Најголем дел од хотелските работници заминале во странство, бидејќи, според упатените, не вреди да се работи за околу 500 евра месечно. Сепак, на оние со искуство и вештини им се исплати да останат во земјава бидејќи доколку се барани ќе добијат значително повисоки плати.

Сепак, статистиката е неумоллива и покажува дека околу 50 отсто од работниците од хотелиерството заминале на други дејности, а половина работат во странство. Ова го потврдува Георги Генов, директор на Деловната асоцијација на хотелиери и ресторани на Србија (Хорес). Тој нагласува дека во 2020 година овој сектор од 19.000 вработени во хотелиерството во околу 360 хотели паднал на околу 13.500 работници.

– Значи, 5.000 луѓе помалку работат во хотелиерството, што е проблем. Ја вршат работата, но има голем замор кај вработените и не може да се обезбеди квалитет кога се во прашање хотелите – вели Генов, пренесува Танјуг.

Напоменува дека е неопходно да се вклучат сите, вклучително и државата, за да се надмине оваа криза и овој сектор да се врати во нормала, пишува Каматица. Овој март во Заводот за труд се евидентирани 14.123 невработени лица од областа на угостителството и туризмот, но експертите наведуваат дека тоа не се занимања што недостасуваат во секторот. Главно зборуваме за туристички експерти, разни менаџери, со разни факултети, а тоа не е работната сила која им е потребна на рестораните и хотелите. Меѓу околу 14.000 невработени во канцеларија има и келнери, собарки, готвачи, но нема да работат за мали плати, поисплатливо им е да се однесуваат како невработени, бидејќи добиваат некаква помош од државата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот