Фото: Твитер

Во снежна лавина во Франција загинаа четворица скијачи

Најмалку четири лица загинаа во лавина во Централниот масив, планински венец во јужниот дел на централна Франција, соопштија синоќа локалните медиуми.

Наводно има уште три повредени лица, додека две се водат за исчезнати.

Несреќата се случила вчера попладне во Вал д’Енфер, во близина на ски-центарот Мон Доре, што се наоѓа на надморска височина меѓу 1.200 и 1.846 метри.

Регионалниот весник „Миди Либре“ објави дека жртвите биле на скијање кога се спуштила лавината.

Можно е дождот да ја предизвикал несреќата, оптоварувајќи ја снежната покривка која се формирала неколку часа претходно, пишува весникот повикувајќи се на вештачење.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот