Во Словачка уапсен маж што сакал да го копира масакрот од Прага
Словачката полиција објави дека е уапсен маж што се заканувал со масакр сличен на оној во Прага пред неколку дена, кога беа убиени 14 луѓе во универзитет во центарот на градот.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Во градот Жилина е приведен 64-годишен маж откако им се јавил на службите за безбедност и се заканил дека „ќе купи пиштол и ќе го стори она што се случи во Прага“. Заканата била објавена во четвртокот, неколку часа по масакрот во Прага.
Апсења спроведе и чешката полиција за да спречи нови напади инспирирани од Давид Козак, кој пукаше во студентите на Прашкиот универзитет. Во петокот во регионот на Плзењ бил уапсен маж што се заканил дека ќе пука во соседите, но полицијата утврдила дека тој бил пијан и невооружен.
Во Прага било интервенирано по пријава за експлозивна направа, која се покажала дека е лажна, но биле приведени две лица. Евакуирани биле и патници од Терминалот 2 на аеродромот во Прага откако маж се јавил и кажал дека се поставени пет бомби.


