Во Скопје продолжуваат полуфиналните борби за пласман во ФИБА Лигата на шампионите

Момент од натпреварот меѓу ТФТ и Кемниц во СЦ „Борис Трајковски“/фото: kfsm.mk

Скопје го живее духот на кошаркарска Европа, по успешниот старт на турнирот, следуваат полуфиналните борби за пласман во кошаркарската Лига на шампионите.

Првиот натпревар на денешната програма е закажан за 18.00 часот, во него се соочуваат фаворизираниот Тофаш од Бурса, Турција и квалификантот од првиот натпреварувачки ден, романскиот Волунтари.

Волунтари одигра солиден натпревар во средата совладувајќи го англиски Лестер Рајдерс, но денешниот предизвик за нив е можеби меч на сезоната.

Од друга страна пак, доаѓајки од силната турска лига, Тофаш е секако главен фаворит на овој турнир и реалноста вели дека овој меч треба да биде само загревање за финалниот дуел кој ги очекува во недела. Дали со оваа реалност се согласуваат момците од Волунтари, ќе видиме по денешниот двомеч во спортскиот центар „Борис Трајковски“.

Победата над домашниот ТФТ го доведе германскиот Кемниц на мегдан со Фрибург. Одличните Швајцарци пристигнаа во Скопје по привилегијата да го прескокнат првиот меч од турнирот, но вечерва (21.00 часот) ги очекува несомнено квалитетен противник.

Меч без фаворит во кој се очекува врвна кошаркарска претстава од обете екипи и секако неизвесна завршница.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот