Тумсо Абдурахманов/ Фото принтскрин

Во Шведска исчезна најголемиот критичар на Кадиров и Чеченците, се верува дека е убиен

Познатиот критичар на чеченските власти и блогер Тумсо Абдурахманов е убиен во Шведска, објави чеченскиот опозициски телеграмски канал „1АДАТ”, повикувајќи се на информациите на „информаторите од Европа и Чеченија“.

„Тумсo беше застрелан од група луѓе во текот на ноќта и во моментов се истражуваат деталите за убиството“, објави 1АДАТ.

Тие не соопштуваат други детали, но напоменаа дека специјалците го криеле братот на Тумсо Абдурахманов.

Радио Слобода јавува дека, според соработниците на Абдурахманов, тој бил убиен ноќта на 2 декември. Шведските агенции за спроведување на законот се уште не ги коментирале наводите.

На почетокот на декември Тумсо Абдурахманов престанал да комуницира со јавноста. Активистите за човекови права објавија дека тој исчезнал. И тогаш имало информации дека блогерот е убиен, но немало потврда. Абдурахманов е познат по критиките на чеченските власти. Во 2015 година, тој ја напушти Русија по конфликт со семејството на чеченскиот лидер Рамзан Кадиров. Во Шведска доби статус на политички бегалец.

Абдурахманов беше обвинет во Чеченија за врски со Исламската држава. Во 2020 и 2021 година веќе имаше обиди за убиство на Абдурахманов и неговиот брат Мухамед. Во декември 2021 година, тој објави дека девет негови роднини биле киднапирани во Чеченија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот