кристина ампева гласен текстилец
Кристина Ампева „Гласен текстилец“/ Фото: МИА

Во Штип фирма дала плата 2 денари, во Валандово исплаќала по пола минималец

Претседателката на Здружението „Гласен текстилец“, Кристина Ампева, лоцира повеќе компании каде што, како што вели, има очиглени манипулации со платите на работниците. Таа вели дека Здружението има одлична соработка со Државниот инспекторат за труд, но дека не успеваат да воспостават комуникација со Управата за јавни приходи која е задолжена да реагира доколу нема исплата на минимална плата. 

– УЈП, согласно закон е должна да реагира ако нема исплата на минимална плата, односно да го извести Државниот инспекторат за труд да ги испита причините за тоа. Според наши сознанија, барем за фирмите од текстилната индустрија, таква реакција нема. А, чевларска фабрика од Штип за септември им исплатила на сите работници плата од 2 денари, две текстилни фабрики од Штип со околу 100 работници, место плата, на работнците им исплатуваат аванси, кога 2.000 денари, кога 5.000 денари… Така, во сред здравствена криза, овие работници се оставени без здравствено осигурување – вели Ампева.

Таа објаснува дека фирми од една страна се повикуват на Закон за работни односи кој предвидува исплата на 50 отсто од платата во услови на виша сила, односно 70 отсто во услови на пандемија, а од друга страна користат државна помош за 100-проценти исплата на минимална плата.

– Во Валандово имаме фабрика каде им се исплатува на работниците 50 отсто од плата. Многу од платите во текстилниот сектор се на минимално ниво. Ова, особено катастрофално се одрази на бремените жени. Во таа фабрика имаше две бремени жени, кои во меѓувреме се породија, но поради половичната исплата на плата им се намали просекот, па сега на породилно отстуство земаат месечен надомест од 8.000 денари.  Имаме пример и во Каменица каде фирмата е веќе неколку месеци затворена, парите од државна помош се земени, исплатената плата е 70 отсто, а работниците се заминати дома со спогодбен отказ, со што го загубија правото на надомест од Агенцијата за вработување – вели Ампева.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот