Во Шпанија уапсени лица кои поттикнувале терористички напади врз Франција

Терористички напад во Виена, Австрија / 02 ноември 2020 / Фото: EPA-EFE/CHRISTIAN BRUNA

Шпанската полиција, со поддршка на Европол, уапси три лица во Гранада под сомнение за поттикнување терористички напади врз Франција, соопшти Европол.

Откако минатиот септември француското списание Шарли Ебдо објави карикатури на пророкот Мухамед, уапсените објавија бројни видеа на своите профили на социјалните мрежи во кои се закануваат дека ќе извршат насилни акции против Франција и нејзините граѓани со цел да се одмаздат, наведуваат од Европол.

Шпанската полиција успеа да ги идентификува лицата кои стојат зад тие профили на социјалните мрежи, кои имаат вкупно 19.000 следбеници, и во моментов ги анализира доказите собрани при апсењата и претресите во домовите за да се утврдат потенцијалните врски со повеќе тековни истраги. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот