Интерконтинентален проектил „јарс“ на воена парада во Москва - Фотографија ЕПА, Јури Кочетков

Во сенка на војната во Украина, Русија вежба распоредување на нуклеарни ракети

Руските стратешки ракетни сили спроведоа воени вежби во Сибир, кои вклучуваа и тајно движење на интерконтинентални балистички ракети „Јарс“ способни да носат нуклеарни боеви глави, објави руското Министерството за одбрана.

Војниците вежбале низа активности, вклучително и употреба на камуфлажа и прикривање за да го маскираат движењето на копнените ракети, соопшти Министерството.

Според информациите што ги објави руското Министерство за одбрана, силите исто така увежбувале одговор на симулирани непријателски напади и спротивставување на оружје воздух-воздух.

Инаку, Русија редовно одржува вежби за своите стратешки нуклеарни сили за да ја тестира нивната борбена готовност и да испрати предупредувачки сигнали до Западот во време на зголемени тензии со противниците на НАТО поради војната во Украина, објави Ројтерс.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот