Во сенка на пандемијата на коронавирусот се води војна околу нафтата

Илустративна фотографија / СП. архива

Нафтената војна меѓу Москва и Ријад драстично ја спушти цената на енергенсот, кој поевтини од намалената побарувачка предизвикана од пандемијата на коронавирусот

Членовите на организацијата на државите извознички на нафта ОПЕК,и главните нафтени произведувачи најавија одржување состанок со цел да ги надминат проблемите кои се искомплицираа  со пандемијата на коронавирусот.

Разговорите се закажани за понеделник, и претставниците на државите извознички преку видео врска ќе разговараат за состојбата на нафтениот пазар и за постигнување на нова декларација на соработка меѓу земјите членки на ОПЕК.

Саудиска Арабија преку овој состанокот ќе се обиде да издејствува  постигнување на ,како што го нарече, правичен договор со цел да се врати рамнотежата на светскиот нафтен пазар.

Потегот на Саудјска Арабија доаѓа по разговорите со американскиот претседател Доналд Трамп, кој ги повика Ријад и Москва да го намалат производството на нафтата.,со што  војната за овој енергенс меѓу двете држави би можела да заврши, а цените да се зголемат на претходното ниво.

На оваа тема, Трамп претходно разговарал и со рускиот претседател Путин, но досега не добил гаранции дека Москва ќе го намали производството на нафта.

Иако досегашната политика на САД не даваше подршка на договорите на ОПЕК, сепак, ниските цени на суровата нафта не им одговараат на американските нафтени произведувачи од шкрилци, што претставува сериозна закана за пропаѓање на поголемиот дел од компаниите.

Претходниот договор на земјите извознички на нафта ОПЕК  истече на 1 април, по што, голем дел од државите започнаа да го зголемуваат призводството, што резултираше со намалување на цената на нафтата на светските пазари.

Пактот за намалување на производство на нафта започна да се применува во 2017 година, и пропадна бидејки Русија и Саудиска Арабија не успеаа да се договорат за нови услови.

Ријад инсистира на поголеми ограничувања , додека Русија се залага за производство на нафтата на постоечкото ниво.

Целосното пропаѓање на договорот првично ја подигна цената на нафтата, се додека Саудиска Арабија не го зголеми прозиводството на нафта, со што нагло ги урна цените на светските пазари.

Дополнителен пад на цената беше предизвикан и од глобалната пандемија на коронавирусот која ја намали побарувачката на нафта и нафтените деривати.

Сепак веста дека ОПЕК во понеделник ќе одржи состанок, го врати оптимизмот, и ја качи цената на 31 долара за барел.

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот