Во Русија за еден ден најмногу починати од ковид досега – дури 780

Медицински лица во Русија / Фото: EPA-EFE/MAXIM SHIPENKOV

Властите соопштија дека неодамнешниот пораст на смртните случаи од ковид во Русија се должи на делта сојот на коронавирусот кој се смета за позаразен и потешко се лекува

Русија во последните 24 часа забележа 780 смртни случаи од ковид, што е уште еден црн рекорд од почетокот на пандемијата, пренесува Анадолија.

Властите соопштија дека неодамнешниот пораст на смртните случаи од ковид во Русија се должи на делта сојот на коронавирусот кој се смета за позаразен и потешко се лекува.

Вкупниот број заразени во Русија е 5, 83 милиони луѓе, а во моментов активни се  452.469 случаи.

Минатиот месец владејачките структури на неколку руски региони, вклучително и градот Москва, наредија задолжителна вакцинација за вработените во одредедни сектори. Истовремено, беа воведени казни за непочитување на мерките.

Во Москва се најавени дополнителни мерки, меѓу кои и ограничување на посетите на рестораните, на забавните и спортските објекти.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот