Во рација во Либија уапсени 4000 мигранти, меѓу кои стотици жени и деца

Фото: EPA/STR EPA/STR

Либиските власти извршија голема рација во западниот дел на земјата, што доведе до апсење на 4000 мигранти, меѓу кои стотици жени и деца.

Рациите се спроведени во текот на вчерашниот ден во градот Гаргарес, како дел од „безбедносна кампања против илегалната миграција и трговијата со дрога“.

Министерството за внатрешни работи, кое ги спроведе рациите, не соопшти дека меѓу уапсените има трговци со луѓе или криумчари.

Властите вчера соопштија дека се приведени 500 илегални мигранти, но денеска наведоа дека бројката достигнала 4000.

– Уапсените прво беа одведени во објект во Триполи, наречен Центар за собирање и враќање, изјави полицискиот полковник Нури ал Гретли, шеф на центарот.

Според него, тие потоа биле распоредени во притворските центри во Триполи и околните градови.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот