Во Приштина почна судењето на Србите уапсени по Бањска
Во Основниот суд во Приштина денеска почна судењето на тројцата Срби уапсени по конфликтот во Бањска во септември минатата година.
Препорачано
Откако судијата го прочита обвинението, Благоје Спасојевиќ и Владимир Толиќ не сакаа да ја признаат вината во оваа фаза од постапката, што се толкува како да се изјасниле за невини, додека Душан Максимовиќ изјавил дека не се чувствува виновен за делата што ги сторил, а за што се товарат во обвинението.
Судот на одбраната ѝ даде рок од 30 дена да се жали на обвинението. Душан Максимовиќ, Благоје Спасојевиќ и Владимир Толиќ беа уапсени во септември минатата година по конфликтот меѓу локалните Срби и косовската полиција во Бањска, во која загинаа тројца Срби и еден припадник на косовската полиција.
Специјалното обвинителство во Приштина на 11 септември покрена обвинение против 45 лица под сомнение дека учествувале во вооружениот конфликт во Бањска кај Звечан на 24 септември минатата година.
Прелиминарното рочиште беше закажано за денеска откако беше одложено на 25 септември на барање на одбраната, која поради обемноста на обвинението побара дополнително време за да се запознае со случајот, јавува Танјуг.


