Плакат за настанот во киното „Мис Стон“

Во Прилеп ќе бидат одбележани 55 години од наградата „Златна арена“ за актерот Дарко Дамески

Во киното „Мис Стон“ во Прилеп на 28 мај, со почеток во 19 часот, ќе се одржи настан во чест на ликот и делото на актерот Дарко Дамески со што ќе бидат одбележани 55 години од добивањето на наградата „Златна арена“ во Пула.

На настанот ќе се обратат Орде Ѓоргијоски, претседател на Ротари клуб, Михајло Миленкоски, раководител на НТП „Војдан Чернодрински“, и Симеон Мони Дамевски, театарски и филмски продуцент, син на Дарко Дамески.

Во рамки на програмата на настанот ќе биде отворена изложба, ќе се прикаже омаж за Дарко Дамески во изработка на Горан Марковски, ќе се прочита неговата биографија и ќе се прочита интервјуто „Златото се вика Дарко Дамески“, објавено на 4 септември 1971 година во ревијата „Екран“ на авторот Васил Пујовски.

Потоа ќе следува проекција на филмот „Црно семе“ во режија на Кирил Ценевски, за која улога Дарко Дамески ја добил наградата „Златна арена“ во Пула на некогашниот Фестивал на југословенскиот филм.

Настанот е поддржан од Ротари Клуб од Прилеп. Изложбата е во сопственост на НУ Театар „Комедија“ – Скопје. Идејата и иницијативата за изложбата е на Саша Шотаровски, сопственик на Бифе „Тафталиџе“ – Скопје. Изработката на фотографиите е на Виктор Семенпеев од „Софија принт“ – Скопје. Плакатот и поканите ги изработи неговата внука Бојана Чаминска Тиноко.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот