Во пресрет на вонредните локални избори во две општини: Досега три кандидатури за градоначалник на Штип, рокот истекува утре на полноќ

Кандидатурите на Трајче Митев кој настапува како независен, Лазар Наумов од ТМРО и Сашко Николов од СДСМ се досега пристигнатите во Општинската изборна единица (ОИК) во Штип за вонредните локални избори во Градот под Исар по трансферот на Благоја Бочварски на челната позиција во Министерството за транспорт и врски. Рокот за аплицирање истекува утре на полноќ.

– Рокот за доставување на кандидатурите за избор на градоначалник на Општина Штип истекува утре на полноќ. Општинската изборна комисија е отворена и ќе имаме дежурна екипа, која ќе ги чека оние кои сакаат да се кандидираат, вели Сенка Андреева, претседателката на ОИК Штип.

Од Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ велат дека утре ќе имаат нов состанок на Извршниот комитет. Тие јавно побараа да се одложат изборите за градоначалник на Штип и на Пласница поради актуелната состојба со коронавирусот. На состанокот ќе ги разгледат сите опции и како што велат внимателно ќе донесат одлука.

Изборите за градоначалник во Штип и Пласница треба да се одржат на 13 декември, а вториот изборен круг е на неколку дена пред Нова година, односно на 27 декември. Граѓаните ќе гласаат според здравствените протоколи, кои важеа и за предвремените парламентарни избори во јули.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот