Пожарникари / Фото: Архива

Во пожар во Костурино изгореа два хектара сува трева и нискостеблеста шума

Во атарот на село Костурино попладнево околу 15:20 часот избувна пожар во кој е зафатена сува трева и нискостеблеста шума, информираат од Територијалната противпожарна единица на Струмица.

– Опожарена е површина од околу два хектара, а во гаснењето на пожарот учествува едно противпожарно теренско возило и тројца пожарникари, дополнуваат во информацијата од ТППЕ Струмица.

Според последните информации, пожарот е локализиран и се очекува наскоро да биде целосно изгаснат.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот