Во Пелагонија повеќе ќе се гради од Скопје – во јули издадени 374 одобренија за градење

Згради станови / Фото: ''Слободен печат'' - Драган Митрески

Во јули годинава се издадени 374 одобренија за градење, 189 одобренија повеќе од јуни, објави денеска Државниот зваод за статистика.

За споредба, во јули годинава биле издадени 33.6 проценти повеќе во однос на истиот месец лани.

Најмногу оодбренија за градење се издадени во пелагонискиот регион, 89, по што следуваат Скопскиот и Југоисточниот со по 57, Полошкиот, 55, ….

Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 7 119 331 000 денари, што е за 71.7 проценти повеќе во однос на истиот месец од претходната година.

Од вкупниот број на издадени одобренија за градење, 207 (55.3 проценти) се наменети за објекти од високоградба, 75 (20.1 процент) за објекти од нискоградба и 92 (24.6 проценти) за објекти за реконструкција.

Од вкупно 374 објекти, на 200 (53.5 проценти) како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 174 (46.5 проценти) инвеститори се деловни субјекти.

Во извештајниот период е предвидена изградба на 808 станови, со вкупна корисна површина од 66 044 м2.

Најголем број станови ќе се градат Пелагонискиот регион, 207, по што следуваат Југозападниот, 191, Скопскиот, 119, источниот 115, Полошкиот, 110, во Југоисточниот 49, а Североистолнот повторно е со најмалку, односно пет.

Во Пелагонискиот регион ќе се градат 122 стана во Прилеп и 84 во Битола, а во главниот град, најголем број од становите се во Центар, 37, Карпош, 23, Гази Баба и Сопиште, со по 21, Аеродром пет…

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот