Билборди со Милорад Додик ФОТО/РСЕ

Во неколку градови на Република Српска залепени билборди за поддршка на Додик

Билборди со ликот на Милорад Додик, лидер на Сојузот на независни социјалдемократи, чиј мандат беше поништен од Централната изборна комисија на Босна и Херцеговина по конечната пресуда на Судот на БиХерцеговина, се поставени во неколку градови во ентитетот Република Српска, пренесува РСЕ.

Ниту една организација официјално не се прогласи за финансиер, а билборди се поставени во неколку градови како што се Бања Лука, Теслиќ, Добој, Сребреница и Козарска Дубица.

Пораките од билбордите во Бања Лука гласат: „Кога народот верува, се донесуваат пресуди. Додик ќе победи, Српска ќе победи!“

На 1 август 2025 година, Судот на БиХ ја потврди првостепената пресуда против Милорад Додик, со што таа стана конечна. Беше потврдено дека Додик е осуден на една година затвор и му е забрането да врши јавна функција во траење од шест години поради непочитување на одлуките на високиот претставник во БиХ.

Билбордите беа поставени по одлуката на Централната изборна комисија на БиХ да му го поништи мандатот како претседател на РС поради пресудата. Додик има право да поднесе жалба на оваа одлука на ЦИК, а конечната одлука ќе ја донесе Судот на БиХ.

Адвокатот на Додик утре ќе поднесе жалба против одлуката на ЦИК за одземање на мандатот на претседателот на РС

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот