Во Музејот на РС Македонија ќе биде отворена спомен-соба за Вера Кличкова
Во Музејот на РС Македонија на 4 јуни, во 12 часот, ќе биде отворена Спомен-соба и ќе има проекција на биографски филм за Вера Кличкова – основач на Етнолошкиот музеј и пионер во создавањето етнолошки филмови во Македонија.
Препорачано
Во спомен-собата се презентирани реставрирани оригинални предмети, документи и лични предмети, како и мебелот од канцеларијата во која Кличкова работела како директор цели 26 години.
Во филмот, за значењето и достигнувањата на Вера Кличкова во етнологијата и музеологијата и создавањето на етнолошките филмови зборуваат нејзини современици и колеги, со што се надопoлнува сликата за целосната посветеност и љубовта кон професијата, како и нејзината значајна улога во целокупниот општествен живот во Македонија.
Автори на проектот се Јован Шурбаноски и Елизабета Конеска, а промотор на настанот ќе биде Владимир Ангелов, виш филмолог во Кинотеката на РС Македонија.


