Во минатото играше за Манчестер јунајтед во ЛШ, а сега работи како водоинсталатер

принтскрин/јутјуб

Поранешниот англиски фудбалер Ли Роуч по играчката кариера не остана во фудбалот и сега работи како водоинсталатер.

Роуч со 22. години играше во Лигата на шампионите со Манчестер јунајтед, а пет години подоцна ја заврши кариерата. На првиот настап во ЛШ, против Депортиво Ла Коруња, дел од соиграчите му беа Лоран Блан, Дарен Флечер, Рајан Гигс, Диего Форлан…
Но, денеска Роуч нема ништо со фудбалот, тој работи како водоинсталатер.
Не жалам за ништо. Натпреварот против Депортиво ми беше трет натпревар за Јунајтед бидејќи претходно играв против Њукалс во Премиер лигата и во ФА Купот против Арсенал – вели Роуч.

Токму натпреварот во ЛШ против Депортиво му беше последен во дресот на Манчестер јунајтед, а потоа настапуваше и за Барнли, Рексам и Дројлсден за во 2011 година да се повлече од фудбалот.
Сакам да кажам дека престојот во Јунајтед беше нешто неверојатно, можеби требаше повеќе да се дружам со играчите. По тренизите веднаш си одев дома за да се дружам со моите пријатели. Сека кога ќе се вратам на тој период и ги погледнам О`Шеј и Флечер, мислам дека требаше да бидам како нив, да се дружев со останатите ќе поминев многу подобро во Јунајтед – додава Роуч.

Тој вели дека сега кога е квалификуван водоинсталатер кој има своја фирма, често добива прашања за Манчестер јунајтед. Исто така е тренер во младинските категории во Бјури.
– На градилиште некои колеги ме прашуваа за Јунајтед и како завршив тука. Знае да биде напорно, но секако нема да зборувам на глас дека сум играл за Манчестер јунајтед. Мислам дека младите треба да се натераат да учат нешто друго освен фудбалот за да можат да се адаптираат на реалниот свет. Мислам дека голем број од фудбалерите немаат никаков план кога ќе се повлечат од фудбалот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот