Во Кучково ќе протече вода од новиот бунар, селската чешма може да „одмори“

Жителите на селото минатата година повеќепати бараа од Општината да најде решение поради тоа што останаа без вода, дури и со блокада на патот што води до селото се обидоа да го свртат вниманието на јавноста кон нивниот проблем.

По неколкугодишни барања, апели и протести, конечно на жителите на Кучково треба да им се реши проблемот со снабдувањето со вода, особено преку лето, откако пресушија сите четири бунари, а за вода се користеше единствено селската чешма.

Сега, според информациите од Општина Ѓорче Петров, откриен е нов бунар со доволен капацитет на вода за да ги задоволи потребите на локалното население.

Одредена е локација на која преку бунар се обезбедени 4,8 литри вода во секунда. Станува збор за повеќе од двојно вода за задоволување на потребите на селото, со што конечно се затвора голем урбанистички недостиг во овој дел на Ѓорче Петров и главниот проблем, кој со години наназад ги мачеше жителите на Кучково – известуваат од Општината.

Оттаму додаваат дека привршуваат градежните работи на ископината во Кучково и дека следен чекор е поврзување со главниот цевковод.

Во тек е изведба на бунарската шахта, потисниот цевковод и на контролната соба со нова автоматика и станица за хлорирање. Во зависност од временските услови, целосна реализација на проектот очекуваме за две недели – велат од Ѓорче Петров.

Жителите на селото минатата година повеќепати бараа од Општината да најде решение поради тоа што останаа без вода, дури и со блокада на патот што води до селото се обидоа да ѝ го свртат вниманието на јавноста кон несериозниот пристап на локалните власти во Ѓорче Петров за нивниот проблем, по што беше изработен нов проект за нова ископина.

Кучково не е приклучено на градскиот водовод, а четирите бунари од кои селото се снабдуваше со вода, кои се со длабочина од 32 до 120 метри, според надлежните, беа пресушени.

Во претходниот период се направени 4 бунари на различни локации, каде што во почетокот имало некоја количина на вода, но поради карстноста на земјиштето, водата постепено се губи и бунарите остануваат суви. Општината во изминатиот период ги извести граѓаните на с. Кучково дека имаме изработено студија за местоположба – наоѓалишта на подземни води, преку Институтот за геосеизмичко инженерство и геохидролошка анализа, каде што е утврдено можно наоѓалиште на подземна вода на длабочина од 120-150 – објаснуваа тогаш од Општината.

Проблемот со недостиг на вода за пиење во Кучково е повеќегодишен, а особено е изразен во сушниот период во текот на целата година. Познавачите на теренот тврдат дека важен фактор за таквата состојба е и карстното подрачје каде што е лоцирано селото, кое оневозможува дождовните води да се задржуваат во бунарите, туку продираат во длабоко во земјиштето.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот